И дефинитивно на Тиквеш не му оди сезонава, пред се на резултатски план. Кавадарчани имаат игра, креираат шанси,така беше и вчера на Чаир, но сепак поразите се редат. Кога цели 490 минути нема да постигнеш гол тогаш јасно е зошто Тиквеш е во долниот дел на табелата.
Ова е голем проблем за кавадарчани, кои си имаат проблеми и со интеранционалците од Бразил. Витао е повреден два месеци, Леао поради нарушување на клупската дисциплина не е веќе во Кавадарци, а Робертињо ни од далеку не е она што беше минатата сезона.
Ако е нешто добро за Тиквеш тоа е дека стручниот штаб на чело со Ѓорѓи Мојсов ја има довербата на раководството на клубот и има одврзани раце да направи длабок рез во зимскиот преоден рок.
Инаку дознаваме дека покрак отказот за Леао деновиве би требало да има уште откази.