Почина Тончи Габриќ, легендарниот голман на Хајдук и Хрватска

1419

Тончи Габриќ, легендарниот голман на Хрватска и на Хајдук почина на 63 години. Кариерата ја почнал во РНК Сплит, а потоа бранеше за Челик, Хајдук, Пазинка, ПАОК и Ријека. Од 1994 до 1999 година беше втор голман на репрезентацијата по Дражен Ладиќ, за која запиша девет настапи. Беше во составот за ЕП 1996 година.

Работеше како тренер на голманите и во Хајдук и репрезентацијата на Замбија.
Габриќ има 144 настапи за Хајдук со кого го освои првенството, купот и Суперкупот.

ПретходноСудии за ПМФЛ: Ставрев “главен“ на дербито во Кратово!
СледноПресврт! Винисиус и Белингем нема да патуваат во Париз, „Златната топка“ оди кај Родри?