Италијанскиот мотоциклист Андреа Јаноне ќе го замени сонародникот Фабио ди Џанантонио во екипата ВР46 на претстојната трка за Големата награда на Малезија во Мото ГП шампионатот.
Во соопштението на клубот се наведува дека Ди Џанантонио ќе се врати во Рим каде што оваа недела ќе го оперира левото рамо.
Јаноне во Мото ГП шампионатот настапуваше од 2013 до 2019 година, а оствари една победа. Потоа беше суспендиран на 18 месеци поради што бил позитивен на допинг тест. Судот за спортска арбитража во Лозана по вложената жалба на Светската антидопинг агенција одлучи да го суспендира италијанскиот мотоциклист на четири години.
По истекот на суспензијата Јаноне му се приклучи на Светскиот супербајк шампионат и моментално се наоѓа на осмото место во генералниот пласман.
Трката за ГН на Малезија ќе се одржи на 3 ноември.