Пресврт! Винисиус и Белингем нема да патуваат во Париз, „Златната топка“ оди кај Родри?

506

Вечерва во Париз се доделува „Златната топка“, а добитник нема да биде Винисиус како што претходно се најавуваше, тврдат угледни шпански новинари, а веста ја пренесе и угледната „Марка“ која е блиска до Реал.
Фудбалерите на Реал најавиле дека нема да патуваат во Париз што е јасен знак дека нема да има освојувач на наградата од редовите на европскиот првак.
Меѓу фаворитите беа Винисиус и Белингем, а по овој развој на настаните освојувач на трофејот ќе биде Родри од Манчестер Сити. Шпанцот беше „моторот“ на Сити и на шпанската репреззентација изминатата календарска година.

ПретходноПочина Тончи Габриќ, легендарниот голман на Хајдук и Хрватска
СледноНовиот претседател на Партизан: Сакаат да ни исклучат струја, вода, немаме греење…