Утре во седиштето на ЕХФ во 11 часот ќе се одржи ждрепката за 1/16 финалето во ЕХФ Купот. Од три наши екипи во оваа фаза остана само уште РК Алкалоид па затоа во таборот на победникот во Купот и актуелен лидер во Суперлигата, утрешната ждрепка се очекува со нетрпение.
Со оглед на македонскиот ранкинг, РК Алкалоид е на 26.место па затоа ќе биде во групата на неносители или во вториот шешир. Јасно е дека четата на Кире Лазаров може да добие силен противник во 1/16 финалето, но исто така јасно е дека носителите не го сакаат за противник нашиот ривал.
Ова се можните ривали на Алкалоид во 1/16 финалето на ЕХФ Купот:
ШЕШИР 1 (можни противници на Алкалоид)
Извиѓач (1)
Баја Маре (2)
Арендал (3)
Крка (4)
Хаукар (5)
Олимпијакос (6)
Ловосице (7)
Целје (8)
Винтертур (9)
Бистрица (10)
АЕК (11)
В. Виена (12)
Бешикташ (13)
Партизан (14)
Јерузалем (15)
Драмен (16)
Ова се екипите против кои Алкалоид не може да се падне:
ШЕШИР 2
Анортозис (17)
БК 46 (18)
Полва Сервити (19)
Раховец (20)
Кремс (21)
Диомидис (22)
Бриксен (23)
Мотор (24)
Леотар (25)
Aлкалоид (26)
Мистра (27)
Ловќен (28)
Ќур (29)
Пореч (30)
Tурда (31)
Рунар (32)