Скандал во Франција: Еве зошто мечот Лион – Оксер може да се преигра!

309

Невиден скандал во Лига 1, во елитната Лига на Франција. Се случи нешто што досега се нема случено во светот на фудбалот и поради едно бизарно правило може натпреварот меѓу Лион и Оксер, кој заврши со резултат 2:2, би можел да се преигра.Image

Имено при резултат 0:0 во судиското продолжение од првото полувреме, судијата прво покажа гол – аут по контактот на Микаутадзе и дефанзивецот на гостите. Потоа тој беше повикан од страна на ВАР собата да ја види снимката по што беше покажан пенал за Лион. По ова гостинскиот тренер ги повика играчите да го напуштат теренот.

Она вистинското допрва следуваше.

Капитенот на Оксер за време на мечот и официјално на судиите им врачи технички приговор и тоа написмено со кој се оспорува судиската одлука. Правило кое важи во Лига 1, но кое досега никој го нема користено.

Правилата велат дека истиот приговор ќе се разгледува по натпреварот и ако испадне дека имало судиска грешка, овој натпревар ќе се преигра.

Бизарно во секој случај.

ПретходноПотврдено: Ќе свети во Битола! Пелистер – Вардар од 19.00 часот!
СледноРК Алкалоид е во вториот шешир пред утрешната ждрепка за 1/16 финалето на ЕХФ Купот!