Веќе во среда се играат сите мечеви од 12.коло во ПМФЛ, со тоа почнува и вториот круг за тековната сезона. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на овие мечеви.
Дербито се игра во Кратово каде Силекс го дочекува Работнички, а за главен судија делегиран е Александар Ставрев од Скопје.
Игор Иванов од Велес ќе им суди на Вардар и Брера, додека во Кавадарци каде играат Тиквеш и Струга ТЛ, на “центарот“ ќе биде Марјан Младеновски од Скопје.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 12.КОЛО – СРЕДА (13 Ч)
Кавадарци: Тиквеш – Струга ТЛ (Марјан Младеновски – Скопје)
Тетово: Шкендија – Беса (Ндерим Тефику – Куманово)
Кратово: Силекс – Работнички (Александар Ставрев – Скопје)
Скопје: Вардар – Брера (Игор Иванов – Велес)
Скопје: Гостивар – Пелистер (Јован Качевски – Струга)
Охрид: Воска – Шкупи (Димитар Пилешков – Штип)