Кога ќе се победи Тиквеш и тоа со 3:1, па макар и со “лесни“ голови, а Флоријан Кадриу постигна два, тогаш јасно е дека ти си играч на колото. Во фудбалот нема лесни и тешки голови, гол си е гол, а Кадриу секогаш знаеше вчера да ги користи грешките на одбраната на кавадарчани.
Покрај него во тимот на колото од Шкупи се и Пинтер и Аворњо, а тука се и Влајковиќ и Кехинде (Гостивар), Ристевски (Пелистер), Маронг и Алиќ (Силекс), Ајдоган и Алдаир (Гостивар) и Гачевски (Вардар).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
ФЛОРИЈАН КАДРИУ
Тим: Шкупи
Роден: 30.09.1995 во Тетово
Кариера: Влазерими, Тирана, Теута, Шкупи, Работнички, Сабаил, Струга ТЛ, Ерзени, Атирај, Шкупи