Вчера на Арената во Скопје се одигра Соседското дерби бр.77 меѓу Вардар и Работнички. Освен голема борба и неколку шанси за Работнички не видовме ништо специјално. Се чини дека на тренерите Захариевски и Станиќ приоритет им беше да не се загуби и во тоа успеаја.
Инаку на северната трибина нашиот фотограф ги “улови“ Филип Најдовски и Дарко Мицевски кои не настапија поради повреди. Јасно е дека со нив двајцата во тимот и тоа како Вардар ќе биде посилен, но тие вчера само го бодреа Вардар и своите клупски колеги.