Шебиб пристигна во Битола: Едвај чекам да заиграм за Пелистер! (ФОТО)

82

РК Пелистер и официјално има ново име во своите редови. Тоа е кружниот напаѓач Мохамед Мамдух Шебиб од Египет. Тој веќе е во Битола каде стави потпис на договорот а веќе позираше со дресот на својот нов тим.

Македонците се многу слични на нас Египќаните, сакаат сонце, сакаат слободен свет и баш тоа го видов тука. Во мојата земја има одлични навивачи, но така е и овде, затоа едвај чекам да почнам да играм за Пелистер. Знам дека малку е тешка ситуација во тимот по последните порази, но како играч барам поддршка од сите со цел што побргу да се излезе од овој период и да се почне нова победничка серија“ посочи Шебиб.May be an image of 1 person, playing soccer and text

ПретходноСелекторот Лазаров го објави поширокиот список за квалификациите за ЕП!
СледноОфицијално: Тен Хаг не е веќе тренер на Манчестер Јунајтед!