Ламине Јамал е добитник на наградата за најголемиот талент во изминатата сезона која вечерва ја додели „Франс Фудбал“ на манифестацијата во Париз. Младиот генијалец на Барселона важеше за голем фаворит по неговите феноменални настапи за време на Европското првенство.
Јамал, кој наполни седумнаесет години за време на завршниот европски турнир, беше една од големите ѕвезди во шпанскиот тим. Во финалето против Англија (2-1), тој асистираше за голот на Нико Вилијамс, а исто така беше и се уште е незаменлив дел од стартната постава на Барселона. Јамал ја победи конкуренцијата меѓу Алехандро Гарначо, Коби Мајно и Савињо.