Најдобриот кошаркар на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари, го повреди скочниот зглоб на крајот од третата четвртина на мечот со ЛА Клиперс и според последните информации го чека пауза во период од една до две недели.
„Изгледа како инверзивно (странично) истегнување на глуждот. Позитивната страна е тоа што тој сè уште носи заштита за глуждот, која треба да ја намали сериозноста на истегнувањето. Што се однесува до времето за опоравување, тоа е една до две недели ако штетата е од прв степен, а четири до шест недели ако е од втор степен“, напиша еден од најпознатите лекари во НБА лигата, Еван Џефрис.