Судии за ПМФЛ: Ставрев “главен“ на дербито во Кратово!

1152

Веќе во среда се играат сите мечеви од 12.коло во ПМФЛ, со тоа почнува и вториот круг за тековната сезона. Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на овие мечеви.

Дербито се игра во Кратово каде Силекс го дочекува Работнички, а за главен судија делегиран е Александар Ставрев од Скопје.

Игор Иванов од Велес ќе им суди на Вардар и Брера, додека во Кавадарци каде играат Тиквеш и Струга ТЛ, на “центарот“ ќе биде Марјан Младеновски од Скопје.

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 12.КОЛО – СРЕДА (13 Ч)

Кавадарци: Тиквеш – Струга ТЛ (Марјан Младеновски – Скопје)

Тетово: Шкендија – Беса (Ндерим Тефику – Куманово)

Кратово: Силекс – Работнички (Александар Ставрев – Скопје)

Скопје: Вардар – Брера (Игор Иванов – Велес)

Скопје: Гостивар – Пелистер (Јован Качевски – Струга)

Охрид: Воска – Шкупи (Димитар Пилешков – Штип)

ПретходноВо Париз се доделува „Златната топка“ – прв фаворит е Винисиус!
СледноПочина Тончи Габриќ, легендарниот голман на Хајдук и Хрватска