ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Алпарслан Ердем (Шкупи)

176

Се чини дека полека, но сигурно, новиот стратег на Шкупи ја оправдува довербата. Турскиот тренер, кој е роден во Германија, Алпарслан Ердем, изгледа си ја знае работата. Шкупи вчера против Тиквеш победи со 3:1. Факт е дека кавадарчани и покрај убедливиот пораз имаа неколку шанси за подобар резултат, но тоа веќе е заборавено, а резултатот се памети. Да потсетиме тој на крајот беше 3:1 за чаирчани, за тимот кој беше предводен од Ердем кој според „СпортСпорт“ е тренер на колото.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 11.КОЛО: Кадриу го “запали“ Чаир
СледноИвановски елиминиран од турнирот во Братислава