Беса утре под Шара во меч од 12.коло ќе и гостува на Шкендија. Тетовци веќе три меча се без победа, а тимот од Добри Дол во неделата беа поразени во Кратово.
Ова кажува дека утре ќе се води голема битка за бодовите, а Арменд Алими, капитенот на Беса пред дуелот со Шкендија, тим за кој играше долги години и освојуваше бројни титули, истакнува:
„Нормално, последниот пораз од Силекс не вознемири сите, но тоа е фудбалот. Доброто е што следниот натпревар доаѓа брзо и имаме можност да ја поправиме грешката. Атмосферата е позитивна, мотивирани сме и верувам дека од овој натпревар ќе излеземе со позитивен резултат.Познато е дека во Шкендија го поминав најдолгото време во мојата фудбалска кариера. За мене Тетово и Шкендија секогаш ќе бидат дел од моето семејство“ рече Алими.