И Манчестер Сити со жестока објава ги „боцна“ Реал и Винисиус

610

Иако многумина очекуваа „Златната топка“ да ја освои фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, тоа не се случи.

На крајот, наградата која ја доделува Франс Фудбал ја освои играчот од средниот ред на Манчестер Сити и репрезентативец на Шпанија, Родри.

Тој одигра одлична сезона, за клубот настапи 50 пати, а постигна девет гола со 14 асистенции, го предводеше тимот до титули во Премиер-лигата, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.

По сето тоа следуваше Европското првенство во Германија каде Родри го крена пехарот со селекцијата на Шпанија.

И Манчестер Сити е презадоволен што нивниот играч ја освои оваа престижна награда, а тоа го покажуваат и објавите на социјалните мрежи.

„Најдобриот во светот!

 

„Број еден“.

Со оглед на тоа дека многу повеќе се пишува за тоа како Винисиус не ја освоил наградата, отколку за победата на Родри, се чини дека Манчестер Сити решил да го буцне својот ривал од Шпанија.

„Можеме ли да зборуваме за Родри?“, пишува во една објава на „граѓаните“.

На ова да додадеме дека ниту еден од 50-те повикани од Реал Мадрид не пристигна на доделувањето на „Златната топка“. Очигледно беа навредени што Винисиус не го освои трофејот.

Бурата за ова ќе згасне многу брзо. Сезоната е во полн ек и на играчите, особено на Винисиус, останува повторно да се борат за освојување на овој трофеј во октомври следната година.

ПретходноАлкалоид го доби противникот во 1/16 финалето на ЕХФ Купот!
СледноФиго се закани дека ќе ги тужи Шпанците: Тоа не се мои зборови за Златната топка!