Ете, и тоа го има во Евролигата, лига која после НБА е најсилната во светот. Имено во Каунас, само што започна мечот меѓу Фенербахче и Макаби, судиите го прекинаа. Тие тогаш забележале дека имало погрешно нацртани линии на паркетот. Ова навистина е бизарно ако се знае дека Литванија е кошаркарска земја.
Откако луѓето задолжени за паркетот го средија проблемот, натпреварот можеше да продолжи.