Нено одличен, ама Олимпија Милано поразена кај Басконија!

133

Вечерва во меч од 6.коло во Евролигата, одличен настап на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ во дресот на Олимпија Милано на гости кај Басконија. Македонецот забележа 15 поени од кои дури девет во последната четвртина, имаше и по два скока и две асистенции. Сепак и покрај ваквиот настап на Нено, тимот од Милано е поразен со 88:83, ова е петти пораз. Сепак најважно е што Нено вечерва го искажа сиот свој квалитет.

Во пеколот во Пиреја, Олимпијакос со 79:69 успеа да го победи Реал Мадрид. Победа која беше запечатена во последната четвртина која домашните ја добија со 23:10. Везенков со 23 поени беше најефикасен на натпреварот.

ПретходноБез шанса за реванш, Порто го демолираше Вардар
СледноНаполи на Конте си ГАЗИ: Лукаку и Кварадона за славје на “Сан Сиро“!