Пелистер продолжува со битките во АБА2-лига. Нов противник на битолскиот тим е Џокер, кој утре гостува во салата „Боро Чурлевски“, мечот е закажан со почеток во 18 часот.
Ова е важен натпревар за кошаркарите на Пелистер. Станува збор за противник кој има две победи во исто толку одиграни меча, со што е лидер во групата Ц. Желбата на сите во тимот е полна сала и триумф. Александар Костоски, еден од лидерите, потенцира дека поразот од Гостивар е зад нив и немаат време за жалење.
„Морам да ја пофалам нашата публика, пријатно сме изненадени од посетата и бодрењето од трибините. Би сакал да ги поканам в среда во многу важен натпревар за нас да ни дадат поддршка да извојуваме победа во овој значаен натпревар.
Џокер влезе во АБА2 лигата на местото на Вршац. Играат брза кошарка и според нашите анализи главна карактеристика им е играта во транзиција. Се надевам на добар пристап и енерегија, во главите мораме да го заборавиме натпреварот во Гостивар, кој беше шок во главите за сите нас. Нема време за жалење, мораме да се фокусираме на овој натпревар и многу важен аспект во нашата игра ќе биде пристапот и енергијата“, изјави Александар Костоски.
Пелистер го дели второто место на табелата има победа и пораз исто колку и Подгорица.