По ремито со Шкендија во Тетово, утре шампионот му гостува на Тиквеш. Мечот се игра во Кавадарци во рамките на 12.коло во ПМФЛ во тековната сезона. Факт е дека Струга ТЛ оваа есен е далеку од посакуваната форма, но иако на табелата е шеста, бодовната разлика меѓу неа и лидерот Работнички е само 7 бода. Така да ништо не е загубено во однос на битката за титулата.
Во пресрет на утрешниот меч, стоперот на стружани Бесарт Кривањева истакна:
“По ремито против Шкендија, тимот дише поинаку. Самодовербата е зголемена, можеби и по тој триумф во Купот, додека тоа беше забележано и на последниот меч во Тетово. Доколку повториме таква игра и секако строго се придржуваме до упатствата на тренерот, тогаш верувам дека и против Тиквеш можеме да извлечеме позитивен резултат. Кога велам позитивен резултат, мислам на победа, бидејќи така можеме да се искачиме на табелата. Сметам дека сегашната позиција не и личи на Струга Трим Лум“.