Вечерва на програмата се повеќе мечеви од 1/6 финалето во Купот на Германија. Лајпцгиг на “Ред Бул Арената“ пред своите фанови славеше против Сент Паули со 4:2 и со тоа оствари пласман во осминафиналето. Елиф Елмас одново не беше стартер, но затоа влезе во игра во 76.минута место Андре Силва и беше дел од акцијата на четвртиот гол за својот тим а стрелец беше Нуса по еден убав негов продор. Стрелци за “биковите“ беа и Поулсен два и Баумгартнер еден.
Леверлузен, кој ја брани титулата и во ова натпреварување, немаше тешка задача, успеа да го победи Елверсберг со 3:0. Два гола беа дело на Шик а еден на Гарсија.