Кошаркарите на Денвер Нагетс во третиот настап ја постигнаа првата победа во НБА оваа сезона, откако го совладаа Торонто Репторс со 127:125 по продолжение. И овој пат главен лидер во редовите на Нагетс беше Никола Јокиќ.
Долго време се чинеше дека Нагетс може да ја започнат сезоната со 0-3 за прв пат по 11 години, во третата четвртина губеа со 15 поени разлика (56:71), а 2:17 минути пред крајот на четвртата четвртина, домашните имаа удобно водство од 111:101.
Но, Никола Јокиќ во самата завршница погоди неколку удари во низа, за да Џамал Мареј на 0,3 секунди пред крајот направи акробатски кош за израмнување на 114:114 и освојување дополнителни пет минути. Сето ова се случи недолго откако дојде до вербален конфликт меѓу играчите на теренот, кој за малку ќе прерасне во физичка пресметка.
Во продолжението Нагетс ја презедоа контролата над резултатите, имаа шест поени (122:116), но Репторс сепак имаа шанса за победа на самиот крај. Во последните секунди Барет се обиде со тројка да го сврти резултатот, но не беше прецизен.
Јокиќ го заврши натпреварот со 40 поени и 10 скока, Мареј додаде 17 со 9 скока и 7 асистенции, додека кај домашен терен Скоти Барнс беше блиску до „трипл-дабл“ учинок со 21 поен, 12 скока и 9 асистенции.
Резултати: Орландо – Индијана 119-115, Атланта – Вашингтон 119-121, Бостон – Милвоки 119-108, Мајами – Детроит 106-98, Њујорк – Кливленд 104-110, Торонто – Денвер 125-127 (прод.), Мемфис – Чикаго 123-126, Сан Антонио- Хјустон 101-106, Дакас – Јута 110-102, Феникс – ЛА Лејкерс 109-105, Сакраменто – Портланд 111-98.