По ремито 4:4 со Интер, тренерот на Јувентус, Тиаго Мота објасни дека ќе мора да поправи некои работи. Следните натпревари на Јувентус се против Парма во среда и против Удинезе во сабота.
„Она што треба да подобриме е тимската дисциплина на теренот. Има многу работа. Би требало да ги завршуваме натпреварите со 11 играчи во поле и да не правиме пенали во корист на противникот.
Против Интер имаше мнопгу добри работи, меѓутоа мораше првите 10-15 минути во второто полувреме да ги одработиме подобро. Значи мора да се остане во натпреварот, да бидеме обединети и повеќе фокусирани. На секој меч доаѓаат моменти на притисок и потешкотии, на кои ќе мораме добро да одговориме“, изјави Мота.