Вечерва во рамките на Серија А, лидерот во Серија А, Наполи ќе му гостува на Милан (20:45 ч.) во дербито на колото. Наполи доаѓа во Милано со осум победи на последните девет меча(едно реми). Антонио Конте добро го состави тимот и му вгради победнички менталитет и стабилност. Милан е дури на осмото место на табелата со скор од четири победи, две ремија и два порази.
Интересно е што Наполи нема успех на пет меча по ред во дуелите со Милан. Скорот им е три порази и две ремија. На последниот меѓусебен дуел Милан славеше со 1:0 на „Сан Сиро“.
Исто така Милан сезонава е непоразен на домашен терен во Серија А со три победи и едно реми.
„Росонерите“ имаат проблеми со повредени и суспендирани играчи. Поради повреда ги нема Габиа, Абрахам, Јовиќ, Бенасер и Флоренци, а суспендирани се Рејндерс и Тео Хернандез.
Наполи има помалку такви проблеми затоа што повредени се само Контини и Лоботка.