Во дербито на 10.коло во Серија А, Наполи како гостин на „Сан Сиро“ успеа да го победи домашниот Милан со 0:2 и со тоа да остане лидер на табелата и да има речиси супер скор во досегашниот дел од сезоната, осум победи и по едно реми и еден пораз.
Наполи на Антонио Конте уште еднаш одигра тактички фантастичен меч, така се игра и така се победува ако сакаш титула. Наполи поведе со голот на Лукаку во 5.минута, за да Кварацкелија го однесе Наполи на +2 во самиот финиш на полувремето.
Во вториот дел Мората во таа 47.минута постигна гол за Милан, но радоста ја скрати ВАР, па така останаа тие 0:2 како конечен резултат на ова интересно дерби вечерва во Милано.