Почина 19-годишна италијанска скијачка, откако подлегна на повреди здобиени по пад на тренинг

154
Фото: Screenshot Instagram mati.lorenzi

Италијанската скијачка Матилде Лоренци (19) почина откако претрпе сериозни повреди при пад еден ден претходно додека тренираше на глечерот Сеналес во Јужен Тирол. Лоренци беше постар член на италијанскиот тим за алпско скијање, а беше дел и од италијанскиот воен тим.

Италијанската скијачка федерација во понеделникот објави дека скијачката паднала на патеката Граванд Г1 во Вал Сеналес, во североисточна Италија, и дека веднаш била пренесена со хеликоптер во болница. Според италијанскиот печат, скијачката изгубила контрола над скиите и силно ја удрила главата во ледената површина на патеката.

Специјалистката за брзи дисциплини, Матилде Лоренци минатиот март беше крунисана за шампион на Италија во супервелеслалом. Минатата зима, таа заврши на 6-то и 8-то место во спуст и супер-Г на Светското јуниорско првенство во 2024 година во Шател.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Г.Д. од Охрид освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 6.901.635  
СледноКостоски: Гостивар е минато! Посакуваме полни трибини за победа против Џокер!