Шпанскиот играч за врска Родри синоќа ја доби Златната топка по одличната минатата сезона, а откри какви пораки добил по добивањето на престижната индивидуална награда.
Членот на Манчестер Сити славеше пред Винисиус Жуниор, играчот на Реал Мадрид кој многумина го гледаа како фаворит во оваа трка.
Тој одигра одлична сезона, на 50 меча постигна девет гола со 14 асистенции. Го предводеше тимот до титули во Премиер-лигата, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство на ФИФА.
По сето тоа следуваше Европското првенство во Германија каде Родри го крена пехарот со селекцијата на Шпанија.
„Ова е неверојатна ноќ за мене, сакам да им се заблагодарам на сите кои гласаа за мене, кои ми веруваа.
Денес е многу посебен ден не само за мене, туку и за моето семејство, мојата земја, мојата девојка. Фудбалот е колективен спорт, тука сум благодарение на Сити, персоналот, играчите“, изјави тој веднаш по освојувањето на наградата и продолжи:
“Благодарение на репрезентацијата, селекторот Луис де ла Фуенте што ми веруваше толку долго. Тоа е и победа за шпанскиот фудбал”, продолжи Родри.
Тој во продолжение откри дека добил многу пораки.
„Денес многу луѓе ми пишаа дека фудбалот победил“, рече Родри додавајќи:
„Секогаш велам дека најважно ми е да напредувам секој ден. Бев класичен играч за врска, но сфатив дека морам да имам повеќе голови и асистенции. Морам да играм како напаѓач бидејќи играме многу напред. Луѓето навистина не ме познаваат, но јас сум нормален лик. Се трудам да уживам во мојата работа, се трудам да бидам добар човек и лидер и секој ден да учам од најдобрите.
Јас сум мирна личност додека не се налутам. Јас сум нормален, се обидувам да им кажам на моите деца дека не мора да бидат луди за да бидат најдобри. Имав тешка повреда, но сега се чувствувам подобро. Се трудам да гледам позитивно“, додаде тој.