Уште едно добро издание на македонскиот репрезентативец Ти – Џеј Шортс во дресот на Париз и уште една победа на неговиот тим. Вечерва на гости кај Алба, Шортс и другарите славеа со 83:92. Македонецот имаше 11 поени реализирани, два скока и девет асистенции во тие 27 минути колку што беше во игра.
Ова беше меч од 6.коло во Евролигата и трета победа на Шортс и Париз.
Исто така на гости славеше и Барселона кај Ефес и тоа со 88:97. Мету и Пантер со 21 и 20 поени беа најефикасни кај победничкиот состав. Ова беше петта победа на Барса сезонава во Евролигата.
Фенербахче го победи Макаби со 84:82 во меч кој се одигра во Каунас.