Алкалоид го доби името на противникот во третото коло во ЕХФ Европската лига. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот ждрепката ја чекаше од вториот шешир, а за пласман во следната рунда во ова натпреварување ќе игра против Вест Виена.
Лидерот во македонската Супер-лига е домаќин на првата средба, истата ќе игра на 23/24 ноември, додека пак реваншот ќе се игра 31 ноември/први декември.
За постетување избраниците на Кирил Лазаров во второто коло и на двете средби беа подобри од Драгунас.