Кој е Родри, првиот Шпанец кој ја освоил Златната топка по 64 години?

267

0Додека во светот се води полемика дали Винисиус треба да ја добие „Златната топка“ или не, малку се зборува за добитникот на наградата – шпанскиот играч за врска Родри. Шпанецот престижната награда ја доби не само поради своите игри на теренот туку и со своите исклучителни човечки вредности.

Родри младинската кариера ја почна во фудбалската академија на Атлетико Мадрид во 2013 година, но тренерите го „избркале“ поради недостаток на физичка сила.
Му го дале на Виљареал за „џабе“, а пет години подоцна Атлетико го откупил Родри за 20 милиони евра. Откако во сезоната 2018/19 направи „бум“ во Ла Лига, раководството на Манчестер Сити го купи за 70 милиони евра и го донесе место Венсан Компани.
Во своите четири сезони во Сити освои многу трофеи, четири титули во Премиер лигата, ФА купот, два Лига купови, а го постигна и победничкиот гол во финалето на ЛШ против Интер во 2023 година.

Беше најдобар фудбалер на ЕП 2024, а неговата Шпанија го освои трофејот.
Приватно Родри е скромно момче, посветен на фамилијата и хуманоста. Непознато е дека овој мадриѓанец една четвртина од својата плата редовно ја донира во хуманитарни цели.

Родри не користи ниту една социјална мрежа, избегнува медиумско внимание надвор од теренот. Сите профили што под негово име или фотографија не припаѓаат на него, туку ги одржуваат неговите бројни фанови.

Избегнува излегување по ноќни клубови, безобразлук и ароганција. Неговиот дедо бил познат лекар во градот Ла Бањез, татко му е инженер по професија, а мајка му директор на маркетинг во една фирма. Кога играл за Виљареал тој живеел во студентски дом и возел поволна Опел Корса. Тој е редовен дарител на крв. Значи еден од ретките фудбалери кои живее скромно и не сака јавно да се фали.

Родри верува во Бог, секоја недела оди на служба, во Шпанија го бие глас дека е националист. Летоска на прославата на европската титула, заедно со Мората ги понела еуфоријата и скандирал „Гибралтар е Шпански“ поради што добил суспензија од два меча. Мирно ја прифатил одлуката на УЕФА и си ја одработил казната.

Исто така Родри е образован фудбалер со диплома од бизнис и економија од Универзитетот во Кастељон. Сопругата Лаура ја држи што подалеку од јавноста.
Родри е првиот шпански играч со „Златната топка“ по Луис Суарез од 1960 година.

ПретходноГрчевски го објави поширокиот список на ракометарки за претстојното EHF EURO 2024
СледноЕве како Родри славеше со Bella Ciao! (ВИДЕО)