Манчестер Јунајтед има нов тренер! Доаѓа од Португалија и неговото име е Рубен Аморим. Клубот на младиот стратег, Спортинг Лисабон излезе со соопштение во кое вели дека Манчестер Јунајтед се согласил да ја плати откупната клаузула.
„Манчестер Јунајтед изрази желба да го ангажира Рубен Аморим. Од „Олд Трафорд“ прифатија да ја платат откупната клаузула која изнесува 10 милиони евра. Бордот на директори на Спортинг Лисабон ја прифати понудата“, стои во соопштението на клубот од Лисабон.
39-годишниот Рубен Аморим работеше една сезона во Брага (2019/20), а потоа седна на клупата на Спортинг. Со Брага го освои Лига купот на Португалија, со Спортинг два пати шампионската титула и два пати Лига купот.
🚨 MAJOR BREAKING!
Ruben Amorim officially leaves Sporting and set to join Man Utd immediately!! 😍😍🇵🇹 pic.twitter.com/BxCJL3B2la
— UF (@UtdFaithfuls) October 29, 2024