Македонскиот репрезентативец, Филип Талески и неговата Бенфика продолжија победнички во групната фаза во Европската лига. Португалскиот тим го запиша четвртиот триумф откако на домашен терен ја оправдаа улога на фаворит против Прешов совладувајќи го со убедливи 36-23.
Победникот на овој меч беше решен после првите 30. минути по кои Бенфика водеше со двоцифрени 22-12.
Македонскиот репрезентативец запиша два гола од четири обиди.
После 4. коло, Бенфика има 8 осум бода, четири повеќе од второпласираните Лимож и Кадетен.