Лоши вести за сите во таборот на нашиот најтрофеен клуб. Имено рахабилитацијата по повредата на коленото на десната нога на Филип Најдовски не оди во посакуван правец. Од ден на ден, од недела на недела се откажува неговото приклучување на тимот, па како што велат нашите информации, тој ќе мора да оди на операција.
Целта е јасна, прво да се среди повредата а второ да може да биде фит за пролетниот дел и да биде големо засилување во дресот на Вардар кога ќе биде најпотребно.
Да се потсетиме дека Најдовски се повреди на подготовките во Словенија. Тогаш прогнозите беа дека може да мине и без операција, но излезе дека не ќе е баш така.
Јасно е дека со Најдовски во тимот, инаку беше донесен како најголемо засилување и важи за најскапо засилување, резултатите оваа есен на Вардар немаше да бидат вакви какви што се сега. Со Најдовски во тимот секако дека и тренерот Захариевски ќе биде најзадоволен.