Македонската фудбалска репрезентација до 17. години денеска го стартува квалификацискиот турнир. Истиот се игра на далечниот Исланд против кого ние од 18 часот и го играме првиот дуел.
Изрбаниците на селекторот Раде Каранфиловски се очекува токму на овој дуел да покажат најмногу, да ги освојат стартните бодови, за да потоа зависиме што се вели сами од себе.
Во второто коло се среќаваме со фаворитот за првото место Шпанија, а во последниот дуел очекуваме исто така бодови во мечот против Естонија.
Секако конечниот пласман на табелата во многу ќе влијае на понатамошниот статус на оваа генерација, односно дали ќе се пласираме во елитната фаза од квалификациите.