Париз и Ти Џеј Шортс соборија рекорд во првата сезона во Евролигата

155
ФОТО: x.com/ParisBasketball

Екипата на Париз за која настапува македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс во победата над Алба Берлин соборија рекорд во Евролигата. Тие имаа најмногу обиди за три поени. Дури 52 пати шутнаа кошаркарите на Париз кон кошот на Алба, а успешноста им е 38,5% или 20 кошеви.

Најмногу, 19 обиди имаше Надир Хифи од кои седум влегоа во кошот, а по него Тајсон Вард кој погоди шест тројки од 12 обиди, Микел Јантунен со осум обиди и четири погодени…

Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс имаше вкупно 11 поени од 27 минути на теренот и погоди една тројка од еден обид.

ПретходноДимитриевски за „СпортСпорт“ од Валенсија: Градот е поплавен, но јас и семејството сме добро! (ВИДЕО)
СледноСелекторот на Аргентина ќе биде нов тренер на ракометарите на Вардар