По вечерашниот пораз број два во АБА 2 лигата, тренерот на Пелистер, Александар Петровиќ, причината за поразот ја најде во играта под кошевите.
“Противникот имаше седумнаесет скокови повеќе од нас, тоа се седумнаесет напади повеќе и нормално дека тука лежи причината за поразот. Штета за оваа шанса која ни се укажа, имавме многу отворени шутеви, промашивме и бевме брзоплети во нападите во финишот“, изјави Петровиќ.
Следниот меч за битолчани е повторно против денешниот ривал Џокер, но овој пат на гостински терен на 12 ноември.