Петровиќ: Ни доаѓа тим кој е во подем, но нашата цел е победа!

62

Пелистер целосно се врти кон АБА2 обрвските по поразот од Гостивар. Во Битола гостува лидерот во групата на македонскиот вицепрвак, Џокер, кој има две победи во исто толку одиграни мечеви.

Сите во таборот на Пелистер посакуваат поддршка од трибините за нова домашна победа во второлигашкото јадранско натпреварување. Александар Петровиќ, тренерот на македонскиот тим најави дека на дуелот ќе влезат речиси комплетни, во составот ќе го нема само Андрија Бојиќ.

“Ни доаѓа тим кој е во подем, и организационо, и играчки и резултатски. Очекувам добар натпревар, добра посетеност и нашите верни „Чкембари“ да ни дадат поддршка на овој натпревар. Имаме кадровски проблеми, две-три недели сме без Бојиќ, минатата недела трениравме со само 7-8 кошаркари. Не одигравме преку цела недела „пет на пет“ и тоа се рефлектираше на натпреварот во Гостивар. Денес сме сепак скоро комплетни. Нема да игра само Андрија Бојиќ против Џокер. Очекувам реакција и добра игра, бидејќи ние на домашен терен сме поинаква екипа. Имаме „шести играч“ во нашите навивачи и со добра анализа на противникот се стремиме на победа“, изјави Петровиќ.

Мечот меѓу Пелистер и Џокер е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноКонте: Можеме да сонуваме за титулата, но мора да бидеме и реални
СледноПолувреме: Регба за водство на лидерот во Кратово, со предност и Шкендија, Брера и Воска…(ВИДЕО)