РФМ ги пушти во продажба билетите за дуелот со Естонија

75

Македонската машка ракометна репрезентација после пауза од пет месеци се враќа на сцена. Нашиот најдобар национален тим по избореното Светско првенство 2025 година, ќе се бори за пласман на ЕП 2026 година.

Прв противник на избраниците на Кирил Лазаров во квалификациите за континенталното натпреварување е Естонија. Мечот се игра во СЦ „Борис Трајковски“ на 6. ноември, а РФМ ги пушти во продажба билетите за оваа средба. Истите се продаваат по цена од 200 и 300 денари.

Сите информации можете да ги најдете на линкот поделе, поточно на „Фејсбук“ страницата на Ракометната Федерација на Македонија.

ПретходноЛазаров го скрати списокот, без Никола Митревски и Филип Талески против Естонија и Литванија
СледноНе се баш сите задоволни од Флик, познато е која ѕвезда ќе ја напушти Барса во јануари!