Денеска во медиумите во Хрватска објавени беа платите во Динамо Загреб. Клуб кој што важи за гигант на овие простори и клуб кој има најголем буџет од клубовите од екс – СФРЈ.
Интересно, дури тројца играчи имаат поголема годишна плата од 1 милиом евра, а еден од нив е нашиот Аријан Адеми со 1,1 милиони евра.
Што се однесува до Стефан Ристовски, неговата годишна плата е 730.000 евра, што го става во рангот на еден од најплатените играчи во Динамо Загреб.
Секако дека ова за наши услови се фантастични суми, било кој играч во ПМФЛ може само да сонува за поголема плата од 70.000 – 80.000 евра на годишно ниво. Се разбира тука не ги сметаме оние кои доаѓаат во ПМФЛ како големи некогашни ѕвезди и неофицијално земаат по 300.000 евра годишно. А некои и двојно повеќе.
Но тоа е друга тема за анализа…