Њукасл го потврди трансферот на 17-годишен талент од Грузија

89

Англискиот премиерлигаш Њукасл го објави потписот на напаѓачот на Динамо Тбилиси, Вактанг Салиа. Детали околу договорот не се соопштени, но 17-годишниот фудбалер се враќа да ја доигра сезоната во Динамо, а од август 2025 година, кога ќе наполни 18 години, ќе му се приклучи на клубот од „Сент Џејмс Парк“.

Инаку Салиа дебитираше за Динамо Тбилиси минатиот ноември. Оваа сезона на 32 натпревари има седум голови и две асистенции.

Неофицијално, за овој играч биле заинтересирани Баерн Минхен и Реал Мадрид но и други клубови.

ПретходноВоска со победничко селфи го прослави триумфот над Шкупи (ФОТО)
СледноСветски познатиот експерт Јоже Урх на тренинг камп во Битола со македонските надежи!