Струга ТЛ со голот на Илиевски во финишот на средбата во Кавадарци успеа да го победи Тиквеш со 0:1. Ова е голема победа на шампионот, посебно ако се знае дека на 0:0 домашните преку Спиркоски не успеаја да реализираат пенал. Стативата ја спаси Струга ТЛ.
По мечот за “СпортСпорт“ свој коментар имаше стратегот на Струга ТЛ, Ќатип Османи:
„Тежок меч, кога се гостува кај Тиквеш во Кавадарци секогаш е тешко да се дојде до бодови. Сепак ние успеавме и затоа јас им честитам на сите наши играчи. Ова за нас е екстра значајна победа, победа која ќе ни ја врати самодвербата во нашиот квалитет и победа со која се враќаме во игра за врвот на табелата во ПМФЛ. Секако дека сум задоволен и среќан“ истакна Османи.