Пеп Гвардиола го коментираше изборот на Родри како освојувач на “Златтана топка“ и за него говореше во суперлатив, посебно ако се знае дека играчот за врска е и негов играч во Манчестер Сити. Секако дека Пеп не го криеше задоволството по триумфот на Родри против Винисиус:
“Родри го претставува фудбалското совршенство. Ние како Манчестер Сити сме горди“.
Тој покрај другото ги споредуваше Кристијано Роналдо и Лео Меси во однос на „Златната топка“, како играчи кои досега најмногу ја освојувале оваа престижна награда:
“Меси во Барселона не можеше никој да го победи во однос на „Златната топка“ иако во Барса имаше неколку екстра играчи. Тоа го можеше само Кристијано Роналдо кој беше како чудовиште, но Лео Меси беше како татко на тоа чудовиште“ посочи Гвардиола.
🔵✨ Pep Guardiola: “Cristiano Ronaldo was a monster, and the father of the monster is Leo Messi”. pic.twitter.com/JnJh13khXW
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 29, 2024