Денеска еден од најубавите градови во Шпанија, Валенсија,а и целиот регион, ги погоди тешко невреме, кое беше проследено со огромни поплави предизвика невидени штети, а има и десетици жртви, како и многумина кои се водат како исчезнати.
Катастрофата која што го зафати овој регион на Шпанија веднаш одекна како најважна информација во целиот свет, а нас како јавност нормално не засега што се случува со нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
Тој веќе извесен период е член токму на Валенсија, а СпортСпорт, поита да го добие на линија нашиот чувар на мрежата.
„Добро сум. Во целиот овој хаос кој што се случува во моментов, јас и семејството сме сосема ок. Делот каде што јас живеам во моментов во Валенсија не е еден од најпогодените. Сепак, се работи за огромна катастрофа, од која што овој град ќе има сериозни последици. Благодарам за поддршката и за фактот што во овие моменти јавноста во Македонија мисли на мене и на моето семејство“ – ни изјави Столе Димитриевски од Валенсија.
Во следните неколку дена ќе се дознае што и како понатаму, дали и колку објектите каде што функционира ФК Валенсија се погодени од оваа катастрофа и дали можеби Димитриевски и соиграчите во периодот кој следува можеби и ќе се преселат да играат на друго место.