Дончиќ постигна тројка од речиси половина терен па испрати сочна пцовка (ВИДЕО)

233
Фото: Далас Маверикс/Твитер

Далас ја победи Минесота во првиот натпревар од „репризата“ од финалето на Источната конференција на НБА минатата сезона. Натпреварот заврши 120:114 за гостинската екипа, благодарение на Кајри Ирвинг и придонесот на Лука Дончиќ во последната четвртина.

Ирвинг постигна 16 поени во третата четвртина и вкупно 25 во вториот дел од вкупните 35 поени. Во третата четвртина Маверикс го започнаа пресврт и дојдоа до водство кое не го испуштија до крајот на натпреварот. Дончиќ постигна 24 коша, од кои 11 во последниот дел, но повторно со многу мака при шутирање. Погоди 10/27 од поле, а 1/8 од тројки. Во последниот натпревар на Далас, во победата против Јута Џез, шутираше само 1/9 од тројка, а вкупно 5/22 од поле.

Единствената тројка што ја упати синоќа беше во третата четвртина, и тоа од речиси половина центар. Откако погодои и испрати пцовка: „Тоа е е**но нешто што јас го правам“. Зад своето име додаде осум скока и асистенции.

Ентони Едвардс со 37 поени и шест скока беше најдобар кај Волвс.

ПретходноПорака до Мбапе: Наскоро ќе имаш 26 години, запрашај се добро….
СледноГвардиола: Роналдо беше како чудовиште, а Меси како татко на чудовиштето! (ВИДЕО)