По којзнае кој пат, кошаркарите на Црвена звезда овој пат во Каунас одиграа меч за инфаркт и практично на одлука на една топка, но повторно самиот крај беше болен за „црвено-белите“. Овој пат епилогот беше нов пораз, бидејќи Брајант Данстон погоди секунда пред крајот со звукот на сирената и со тоа успеа да ја „поништи“ претходната тројка на Милер-Мекинтајкер со која српскиот состав имаше продолженија в рака.
Жалгирис на крајот славеше со 86:84 и ја запиша петтата победа за делба на првото место со екипата на Барселона. Кај Жалгирис вечерва Сирвидис постигна 17 поени, додека кај Црвена Звезда најефикасен беше Милер-Мекинтајкер со 16 поени.