Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во четвртфиналето на Лига купот откако на домашен терен го совладаа тимот на Лестер со резултат 5:2. Отказот на Ерик тен Хаг даде веднаш и резултат, па под водство на Руд ван Нистелрој како привремен тренер „ѓаволите“ забележаа убедлива победа.
Касемиро „воскресна“ по заминувањето на Тен Хаг, постигнувајќи голови во 15. и 39. минута. Меѓу стрелците се запиша и Алехандро Гарначо во 28. минута, како и двојниот стрелец Бруно Фернандеш кој ја погоди мрежата во 36. и 39. минута.
Кристал Палас направи изненадување во Бирмингем каде со 2:1 ја елиминира Астон Вила.
Понатаму оди и Њукасл кој на домашен терен го елиминира Челзи со 2:0.
„Страчките“ поведоа во 23. минута со голот на Александар Исак, додека конечниот резултат го постави Дисаси со автогол три минути подоцна.
Арсенал беше сигурен во Престон, каде со 3:0 го победи истоимениот второлигаш.