Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го скрати списокот за квалификациските дуели против Естонија и Литванија за настап на ЕП 2025 година.
Лазаров се одлучи за 20 имиња и осум резерви. По повредата на Никола Костески на десната крилна позиција на потесниот список се најде Александар Петковски.
На овие средби на располагање нема да биде ниту капитенот, Никола Митревски. Тој е ставен како резерва, доколку навистина му затреба на тимот за дуелите со Естонија и Литванија. Ова значи дека за нашиот гол ќе бидат задолжени Мартин Томовски, Марко Кизиќ и младиот Иван Галевски.
На списокот го нема ниту Филип Талески, кој настапува за Бенфика.
Нашите најдобри ракометари во првото квалификациско коло ќе играат против селекцијата на Естонија во СЦ „Борис Трајковски“, а натпреварот е закажан за 06.11.2024 (среда) со почеток во 20 часот. Во второто квалификациско коло нашите ракометари ќе играат на гостински терен против селекцијата на Литванија во Вилнус, а почетокот на натпреварот е закажан за 17 часот по локално време.
Собирот е закажан за 3. ноември во 14 часот во хотелот Карпош.