Одложени мечеви од Купот поради ужасот во регионот Валенсија

275

 

Шпанската фудбалска федерација реагираше експресно и ги одложи денешните натпревари на Валенсија и Леванте во Купот на кралот. Во првото коло од Купот Валенсија требаше да игра против Парла Ескуела во Мадрид, а Леванте требаше да му гостува на Понтеведра.

Во регионот Валенсија силната бура проследена со обилни врнежи направи хаос, а се потврдени и 50 загинати луѓе. Лошото време го блокира нормалниот живот, а клубовите не можат да отпатуваат кон своите планирани дестинации. На автопатите има и превртени автомобили.

Поради ова под прашалник е и мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид на „Местаља“ во Ла Лига.

ПретходноПолувреме: Регба за водство на лидерот во Кратово, со предност и Шкендија, Брера и Воска…(ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Вардар оштетен за пенал, реми во Кратово, Воска го декласира Шкупи, шампионот славеше во Кавадарци! (ВИДЕО)