ПМФЛ: Вардар оштетен за пенал, реми во Кратово, Воска го декласира Шкупи, шампионот славеше во Кавадарци! (ВИДЕО)

3264

Завршија сите мечеви од 12.коло во ПМФЛ кое беше на програмата денеска.

На Арената во Скопје, Брера со 0:1, со голот на Ивковиќ успеа да го победи Вардар. Сепак треба да се каже дека во 47.минута Вардар беше оштетен за пенал, кога гостинскиот играч Стоилески го фаулира Закариќ во казнетиот простор, но судијата Игор Иванов од Велес не покажа на белата точка. Бадијала беа протестите на вардарци. Домашните имаа шанси за израмнување,имаше и Брера за 0:2, носепак на крајот резултатот гласеше 0:1.

На дербито во Кратово, Силекс и Работнички одиграа 1:1. Гостите поведоа со голот на Регба, и во перидот кога имаа играч повеќе по исклучувањето на Николиќ, Работнички прими гол од Алиќ и не успеа да победи. Мораше да се задоволи со бод на ова тешко гостување, доволно за задржување на лидерската позиција.

Шкендија успеа да ја победи Беса со 2:1 и да му се приближи на Работнички на само еден бод во битката за врвот, додека сензационално тимот на Воска со 3:1 го декласира Шкупи.

Тиквеш – Струга ТЛ 0:1. Голема победа на шамионот и тоа со голот на Илиевски во самиот финиш. На 0:0 домашните преку Спиркоски не реалзираа пенал.

Гостивар и Пелистер ремизираа без голови, кикс на фаворитот.

РЕЗУЛТАТИ ОД 12.КОЛО

ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 0:0

ШКЕНДИЈА – БЕСА 2:1

(Ф. Рамадани 14., Ибраими 23./Велија 32.)

СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ 1:1

(Алиќ 78./Регба 20.)

ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 0:1

(/Илиевски 88.)

ВАРДАР – БРЕРА 0:1

(/Ивковиќ 19.)

ВОСКА – ШКУПИ 3:1

(Јахја 35., Јахии 81., Вуковиќ (п) 90+2./ Тамба 56.)

ПретходноОдложени мечеви од Купот поради ужасот во регионот Валенсија
СледноЌатип Османи: Екстра значајна победа на Струга ТЛ, се враќаме во игра за врвот на табелата!