По два порази едноподруго, ракометарите на ПИК Сегед вечерва на домашен терен ја остварија четвртата победа во групната фаза од Лигата на шампионите, победувајќи го Келце на домашен терен со 28:27. Домашните уште во првиот дел покажаа дека се подготвени за нов триумф откако на пауза имаа предност од 15:13. Келце успеа да се врати во егал во вториот дел, но не и да направи пресврт.
Екипата на магдебург без поголеми проблеми ја оствари втората сезонска победа. Денеска во Германија, Загреб загуби со 36:24.
Во последниот натпревар од тековното 7. коло, екипата на Колстад покажа дека не случајно славеше и во минатото коло против Сегед, па денеска на домашен терен минимално со 25:24 го порази и алборг. За Норвежаните ова беше трет триумф со кој се зацврстија на 6. место во групата „Б“.